ЉУБОВТА, па дури и кога знаете дека таа не е онаа за која вие сте сонувале, онаа за која вие сте мечтаеле... Не дозволувајте годините да ви минуваат напразно, во црно-бели кадри, чекајќи ја вистинската ЉУБОВ. Знаете, таа понекогаш и не доаѓа, но надежта е таа што не ни дозволува да се откажеме од таа вечна потрага. Никое срце не сака да биде заведено со лажен поглед и лажна насмевка, но што ако вистинската ЉУБОВ е невозможна? Тоа е прашањето на кое јас не успеав да најдам одговор...

 

Сепак, трагите на вистината ме одведоа до тоа дека се што постои на овој свет се раѓа и умира, засветува и се гаси, доаѓа и си оди ... Но, изгледа дека кога го сфатив тоа, беше премногу доцна!