Се што некогаш не успеав да ти кажамСара пишуваше писма и никогаш не ги упатуваше на вистинската адреса... Некогаш одеше во старата пошта, кај стариот службеник со металните наочари и насмевката која секогаш како да висеше во безпросторноста...

Сара пишуваше писма и никогаш не ги испраќаше...

Наместо маркица купуваше по едно плико и честитка... За момент се одалечуваше од шалтерот, го оствараше снежно белото плико, го вменуваше листот хартија на кој претходно неуморно пишуваше... честитката... и го затвараше... Со насмевка го одпоздравуваше стариот службеник, го закопчуваше тенкото палтенце и заминуваше кон својот дом....

Сара пишуваше писма и никогаш не ги испраќаше...

Неколку пати во месецот ја посетуваше старата пошта... Веќе им беше позната нејзината рутина, плико, честитка, насмевка и заминување... Tраеше со месеци... Се си течеше во својот вообичаен редослед... но, овој ден... беше поинаку...

Стариот службеник, подавајќи и го пликото и одбраната честитка, со извесна љубопитност во гласотт констатираше:
- „Среќник е тој, за кого ги одбираш сите овие честитки и писмата убаво спакувани...“.

Сара се насмевна, го смести писмото во белото плико и рече:
- „Јас пишувам писма... но не ги испраќам на вистинската адреса...“.

Службеникот ја подкрена главата во знак на прашање, а таа продолжи:
- „... ги собирам во пликоа да не ги изгужвам, да не ги изгубам.... на секое едно има датум... секоја една честитка подсетува на нешто... Еден ден ќе ги одвиткам, распакувам, и ќе ги наредам лист по лист, еден врз друг.... во книга... со наслов : Се што некогаш не успеав да ти кажам...

~ Пријателите на Дејан - Сања Бежовска ~